Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Вилата на Доналд Трамп во Палм Бич повторно на пазарот со повисока цена

По неуспешната продажба минатата година, вилата на Доналд Трамп во Палм Бич од 1000 метри квадратни повторно влезе на пазарот со цена повисока за 10 милиони долари.

Првично барајќи 49 милиони долари минатата година, куќата потоа беше тргната од пазарот два месеци подоцна во мај. Во понеделникот повторно влезе на пазарот со цена од неверојатни 59 милиони долари.

Спектакуларната резиденција наречена „Beachhouse“ се простира на 1045 квадратни метри. Куќата во стил на Бермуди има осум спални соби и 11 бањи, две големи дневни соби, интимна свечена трпезарија, тераса покрај океанот, приватен базен и поплочен двор опкружен со бујни пејзажи.

Куќата се наоѓа спроти клубот Мар-а-Лаго и идниот сопственик би имал пристап до полноправно членство во клубот за голф.

Во елегантната населба на Палм Бич живеат многу познати жители, како Лери Елисон, милијардер и сопственик на софтверската компанија „Оракл“, Силвестер Сталоне, а понекогаш своите слободни денови тука ги поминува и поранешниот претдседател Доналд Трамп.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement