Кравјото млеко е многу корисно за регулирање на нивото на шеќер во крвта.
Ако имате дијабетес или предијабетес, контролирањето на шеќерот во крвта е многу важно. Кога нивото на гликоза ќе се стави под контрола, се намалува ризикот од бубрежни, срцеви и други компликации кои можат да настанат поради дијабетес.
Нивото на шеќер во крвта може да се контролира со лекови, физичка активност, но и храна. Важно е да се напомене дека ниту една храна или пијалок сами по себе не се доволни за да се стави шеќерот под контрола. Важно е целата диета да биде соодветна, а во исто време да избегнувате храна и пијалоци кои нагло го зголемуваат шеќерот.
Во тој поглед, нутриционистката Ејми Гудсон откри дека еден пијалок особено е корисен за регулирање на нивото на шеќер во крвта, а тоа е кравјото млеко.
Факт е дека многу луѓе консумираат многу шеќер од сокови, засладени чаеви, фенси кафе, смути и слично, а тоа придонесува за нагли промени во нивото на шеќер во крвта.Кога станува збор за одржување на стабилно ниво на шеќер, пијалок кој содржи јаглехидрати и протеините се клучни“, вели Гудсон.
Нутриционистот објаснува дека протеинот го успорува варењето, што ќе ве држи сити подолго време, а со тоа ги спречува наглите промени во нивото на шеќер.
„Водата е одлична за хидратација, но не влијае на нивото на шеќер во крвта“, додава таа.
Комбинацијата на протеини и јаглехидрати е она што го прави кравјото млеко одличен пијалок за регулирање на нивото на шеќер во крвта кај дијабетес и преддијабетес.
Едно истражување исто така покажа дека овој пијалок не само што помага во контрола на нивото на шеќер, туку и го подобрува одговорот на инсулинот.

