Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Слабеење без диета – До витка фигура во 3 чекори: Следете ги овие совети и килограмите никогаш нема да ви се вратат!

Пролетта се ближи и многумина се во паника поради вишокот килограми наталожени во текот на зимата. Го чекаат понеделник за да почнат со некаква диета, но веќе однапред се загрижени дека нема да успеат. Другите се во дилема што да прават, бидејќи знаат дека изгубените килограми брзо ќе им се вратат. Што не е во ред? Пред се, во големите очекувања. Секој сака да изгуби тежина за една недела. Тоа не е ниту можно, ниту здраво. Потребно е време и решителност. Без силна волја нема успех! Но, тоа не значи дека треба да следите строг режим. Само внимавајте малку на тоа што јадете, а кога ќе ја достигнете саканата тежина одржувајте ја со урамнотежена исхрана. Тоа значи дека јадете сè, но внимавајте на количината! Умереноста е клучна!

Совет 1: Фокусирајте се на добрата храна

Доколку одбиете една од потребните намирници, вие сте во голема опасност. Недостатокот на протеини доведува до губење на мускулната маса. Избегнувањето на мастите го зголемува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести и хормонална нерамнотежа кај жените. Недостатокот на влакна од зеленчукот и овошјето е опасен за дигестивниот тракт. Затоа, исхраната за време на диетата мора да биде избалансирана. Фокусирајте се на нискокалорични извори на протеини: лигњи, пилешко и мисирка, урда, посна риба, леќа, овесна каша, соја… Добрата вест е дека протеинот го намалува апетитот, особено навечер. Како прилог и закуска, користете зеленчук со малку јаглехидрати: краставици, домати, спанаќ, зелена салата, зелка. Уште една добра вест: здравите масти од морска риба, сирење, авокадо и јаткасти плодови нема да ви додадат тежина, јадете ги слободно, но секако во разумни количини.

Совет 2: Јадете помалку едноставни јаглехидрати

Единствените макронутриенти кои можат делумно да се жртвуваат во борбата против вишокот килограми се јаглехидратите. Сепак, не е неопходно целосно да се елиминираат, само да се ослободите од нездравите – белото брашно и се што е направено од него, слатки, нездрави грицки и брза храна… Слободно можете да го јадете целиот зеленчук во форма на салати, цели зрна, мешунки. Обрнете големо внимание на зеленчукот со скроб, како што се компирот и морковот, бидејќи тие содржат многу шеќер, особено варен морков.

Совет 3: Не заборавајте да вежбате

Освен што е неопходна за здравјето, физичката активност е неопходна доколку сакате да ослабете. Бидејќи, за да изгубите килограми, треба да имате недостаток на калории, односно да трошите повеќе енергија отколку што внесувате. Воведете кардио вежби – трчање, брзо одење, пливање, вежби за сила… Тренингот помага во согорувањето на мастите и градењето мускулна маса, а исто така е добар и за здравјето на срцето. Доколку не вежбате, навидум ќе ослабете поради исфрлањето на водата и намалувањето на мускулната маса. Но, таквата тежина се враќа многу брзо. Затоа е важно редовно да вежбате, а не само кога сакате да изгубите тежина.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement