Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

4 сјајни апликации за медитација и релаксација: Подобрете го квалитетот на вашиот живот со програми кои носат душевен мир

Дури и ако важите за еден од најстабилните луѓе, во претходните месеци секако сте се грижеле за себе и за здравјето на луѓето околу вас. Промените на расположението предизвикани од неизвесна иднина ја отворија вратата за вознемиреност и паника кои дополнително нè уверија дека работите се полоши отколку што навистина се.

Иако можеби изгледа како глупост што „немаме време да се грижиме за сега бидејќи имаме попаметни работи на ум“, одржувањето на душевен мир и контролирањето на стресот ќе има корисен ефект врз вашата психа, но и врз вашата физичка состојба и вашиот имунитет.

Ако сте меѓу оние кои со денови не виделе блиски луѓе, немаат со кого да разговараат и да се исчистат од негативните емоции; ако работите премногу, а премалку уживате и се чувствувате отуѓено, осамено и потонати, користете ја технологијата во ваша корист за да го окупирате вашиот ум со позитивни мисли.

Најдовме 4 одлични бесплатни апликации кои ќе ви помогнат да го опуштите умот, да медитирате и да научите подобро да ги контролирате вашите мисли.

1. Gratitude Garden

Gratitude Garden е апликација базирана на практикување благодарност. Ако во овој момент чувствувате дека немате за што да бидете благодарни, оваа апликација е направена за вас затоа што ќе ве натера да размислувате секој ден за тоа што е добро во вашиот живот. Gratitude Garden ќе ве награди за возврат.

2. Sanvello

Sanvello е апликација која ја користат повеќе од 3 милиони луѓе низ планетата и служи како мал мобилен психијатар/гуру. Апликацијата првично ќе ве праша како сте и ќе ви овозможи многу водени медитации, ќе ве научи како да се опуштите, да размислувате позитивно и да бидете присутни во сегашниот момент.

3. ThinkUp

ThinkUp е одлична апликација за позитивни афирмации и медитација, препорачана од списанија како Elle, Bazaar, Cosmopolitan и Marie Claire. Апликацијата ThinkUp нуди позитивни мотивациски цитати поврзани со кариера, здравје, вежбање, самодоверба… А особено е добро што можете да ги снимате со свој глас и да ги пуштите по потреба.

4. Atmosphere

Atmosphere е апликација која се заснова на смирувачки звуци како оние што ги слушаме во шумата, покрај морето, на планината или звуците на летните дождови и грмежите. Звуците на оваа апликација можат да послужат како одлична позадина за јога и медитација, но и за време на работа и кога сакате полесно да заспиете.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement