Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Тој е нова дизајнерска ѕвезда: Харис Рид ја покори Лондонската модна недела

Покрај тоа, креираше фантастични комбинации за последното музичко видео на Адел и со години го стилизира Хари Стајлс!

Дваесет и шестгодишниот британско-американски дизајнер, речиси два метри високо момче со долга портокалова коса, Харис Рид ја претстави својата втора ready-to-wear колекција на неодамна завршената модна недела во Лондон, овој пат за есента 2022. Ако се има во предвид неговата прва, за паметење дебитанска колекција, тогаш не можете ни да замислите колкав интерес имаше за неговата последна линија на облека. Познат по својата љубов кон романтизмот, глам рокот, огромните капи, шалови и големите машни, дизајнерот остана доследен на својата естетика. Колекцијата ја прикажа во Евангелистичката црква Свети Јован – додека Сем Смит пееше, а десет модели позираа меѓу облаци направени од хартија.

Наречена „60 Years a Queen“, по книгата на Херберт Максвел од 1897 година за кралицата Викторија, новата колекција на Рид во викторијански стил комбинира квир и кралски моменти. Креациите се прекрасни, дизајнерот си поигра со пропорциите и волуменот. Најинтересен е изборот на материјал. Со оглед на тоа дека колекциите на Рид се „demi couture“, односно ги изработува рачно, а од достапни материјали, овој пат отиде чекор понатаму, па текстил за мебел најде во вилата Бусандра, која и припаѓа на грофицата со истото презиме, а ја запознал во кафуле во Италија при посета на својата мајка, која живее таму.

Кој е Харис Рид и како стана момче чии колекции и стилизации со нетрпение ги очекуваат љубителите на модата веднаш по дипломирањето? Тој е син на оскаровецот, британскиот продуцент и режисер на документарни филмови Николас Рид и американскиот модел и дизајнер на свеќи Линет Рид. Пред две години дипломирал на Св.Мартинс колеџот во Лондон, а поради карантинот предизвикано од пандемијата на вирусот корона, тој ја направи својата дипломска колекција без пристап до училишните средства. Колекцијата е произведена во неговиот стан во Лондон, благодарение на пегла од 20 фунти, нарачани машини за шиење Сингер преку Интернет, лепак и кукли од пена пронајдени до контејнерот. Колекцијата дебитирала во британскиот Вог и била претставена виртуелно преку Инстаграм. Некаде околу тоа време, Рид и неговата мајка направија колекција свеќи.

Веднаш се истакнал како дизајнер на родов флуид, играјќи си со одредниците „машко и женско“. Неговата естетика е опишана како „небинарен романтизам“, а она што го прави препознатлив се класичните машки кроеви со скулптурни здолништа и фустани, во комбинација со огромни капи или шапки. Неговата работа ја обожаваат познатите личности, а една од првите соработки се случи со Хари Стајлс. Кога британскиот пејач и актер е фотографиран за американскиот Vogue, прв пат во историјата машко да се најде самата насловна страница на престижното списание, а Ана Винтур го покани Рид да дизајнира фустан за Хари. Рид го направи фустанот за рекордно време: „Имавме помалку од седум дена за фустанот, па јас буквално не спиев. „Никогаш во животот не сум направил нешто побрзо“, изјави тој подоцна, но токму оваа насловна му донесе пофалби низ светот.

Освен Хари, облеката на Рид ја носат и Соланж Ноулс, Мајли Сајрус, Селена Гомез, Езра Милер, Троја Сиван, Ема Вотсон, Адел – за кои работеше, отворајќи го стајлингот во спотот за најновата песна Oh My God. Дизајнер во подем на магазинот GQ, соработуваше со брендот Долче и Габана за да ја облече Иман за Мет Гала 2021 година, со која се појави во слична облека на црвениот тепих на истиот настан. Неговите креации се дел од изложбата посветена на машка облека, Fashioning Masculinities: The Art of Menswear, во музејот Викторија и Алберт во Лондон.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement