Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

водечки пролетен тренд што e согласно одобрен од Никол Кидман и Хејли Бибер

Дизајнерите, уште од минатата година ги најавија претстојните сезони на мини трендови: откривање на кожа со смели кроеви – што конечно беа прикажани во колекциите за пролет/лето 2022. Од кошули, џемпери и дуксери до здолништа и шорцеви, моделите на самата ревија прикажале микро парчиња на облека, покривајќи ги само есенцијалните делови на телото.

На прв поглед на овие работи се наметна прашањето: кој ќе ги носи? Модниот бренд Miu Miu ни го даде одговорот побрзо отколку што мислевме: Сите. Во својата пролетна колекција за 2022, тие покажаа микро кроеви во главно беж, каки и сива боја, сакајќи да ги задржат намалените деловни нијанси, но во многу секси изглед, велејќи: Канцелариски стил, но „make it sexy“.

Трендот на мини кроеви имаше одличен одек, пред се кај познатите дами и ИТ девојките, па Никол Кидман избра тексас комплет за насловна на Vanity Fair. Микро топ и мини здолништето што ги комбинирала со сиви чорапи и кафено-беж сандали, актерката секако ги истакнала витките нозе, но пред се – совршените стомачни.

И Хејли Бибер за едиторијалот на Miu Miu не почести со истиот тексашки изглед, додека варијантите со кошули и џемпери преовладуваа со Chiara Ferragni и Saweetie кои можете да ги видите во нашата галерија, како и оригинални креации веднаш од модните писти.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement