Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Нов проблем за Tesla: Авто-пилот сопира непотребно?

Се проценува дека на американските патишта има 416.000 автомобили со потенцијален проблем.

Американската Национална агенција за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) оваа недела започна прелиминарна истрага за проблем што предизвикува ненадејно сопирање на некои возила на Tesla, феномен наречен и „фантомско сопирање“.

Во документот објавен во средата, NHTS објаснува дека добиле 354 извештаи за возачи на Tesla во Соединетите држави кои тврдат дека сопирачките на возилата неочекувано се активирале додека го користеле напредниот систем за помош на возачот на автопатот, кој компанијата го нарекува Autopilot.

Проблемот наводно се јавува кај возилата произведени оваа и минатата година, а тоа се Mоделот 3 и Моделот Y. Агенцијата проценува дека на американските патишта има 416.000 такви автомобили.

Брзото забавување може да се случи без предупредување, случајно и повеќе пати во еден циклус на возење, според NHTSA.

Регулаторите досега немаат документирано никаква несреќа, повреда или смрт предизвикана од овој проблем.

Ова не е првпат регулаторите да го свртат вниманието на опцијата Autopilot на Tesla. Во април 2021 година, истата агенција започна истрага за системот откако неколку автомобили на Tesla удриле во запрени возила, вклучително и амбулантни возила.

Истрагата потоа опфати 765.000 возила, а компанијата се обиде да ги задржи деталите во тајност откако NHTSA соопшти дека не е задоволна од начинот на кој Tesla одлучил да го реши проблемот.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement