Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Пенелопе Круз (47) докажа дека никогаш не е доцна за „princess“ фустан: Елеганција и софистицираност на високо ниво

Пенелопе Круз во магичен фустан на Шанел уште еднаш докажува дека годините не се пречка за ниту еден аутфит.

Романсата помеѓу Пенелопе Круз и Шанел трае веќе со години, а не е чудно што таа се уште не се откажува од својот омилен бренд. На промоцијата на филмот „Паралелни мајки“, шпанската актерка се појави во магична креација на Шанел од колекциите за пролет/лето 2021, храбро демонстрирајќи дека не е секогаш неопходно носењето облека за новата сезона (особено кога сте амбасадор на Шанел).

Принцеза фустанот содржи двојна свила, точки и неодоливи набори кои асоцираат на некои минати времиња, а Пенелопе со насмевка позирала во друштво на режисерот Педро Алмодовар и нејзиниот сопруг Хавиер Бардем.

Пенелопе во текот на вечерта се дружеше и со својата колешка Кејт Бланшет, која на премиерата блесна во волшебниот метал фустан на Армани, а актерките докажаа дека никогаш не е доцна да понесете принцеза аутфит или било каков друг омилен фустан за да креирате сопствена бајка.

Годините не треба да нè попречуваат, туку да нè охрабруваат целосно да го изразиме она што навистина сме, без разлика на општествените ограничувања и норми.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement