Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Љубов на прв поглед – Извонредни чанти во форма на срце

На Денот на вљубените, Купидон ја насочи својата стрела кон нашата кошничка за купување.

Чантите во форма на срце не натераа да чувствуваме пеперутки во стомакот. Вечниот симбол на љубовта е овековечен на голем број омилени кожни производи, од луксузните брендови меѓу кои Celine, Dior и Saint Laurent.

Заборавете да го носите своето срцето на облеката, оваа година ставете го преку рамо.

Celine

Љубовта е во воздухот за брендот Celine. Само погледнете ја париската капсулна колекција на луксузниот бренд за Денот на вљубените. Во фокусот е срцето, што може да се забележи во изборот на кожни мини чанти и чанти за рамо.

celine.com

Dior

Dior капсулната колекција „Cupidon“ содржи ексклузивен принт кој го слави Ерос, грчкиот бог на љубовта. Понудата содржи и повторување на препознатливата Lady Dior чанта на Dior, со Cannage шев обликуван во романтични срца.

dior.com

Saint Laurent

Мотивот на срцето е синоним за францускиот бренд Saint Laurent, бидејќи неговиот основач го создаде кристалниот брош во облик на срце во 1962 година. Сега „Riva“ е голема букет чанта на брендот украсена со срциња во различни бои.

ysl.com

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement