Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Колку ќе чини долгоочекуваниот електричен Volkswagen ID.Buzz?

Од овој модел се очекува да има силен старт на американско тло, каде што оригиналниот Microbus доби култен статус.

Кога станува збор за Volkswagen, сите погледи се насочени кон претстојното пристигнување на моделот VW ID.Buzz, кој пазарот го чека со години.

Неговата европската премиера е закажана за 9 март, а потоа автомобилот ќе ја има американската премиера во Остин. Имено, овој модел се очекува да има силен почеток на американско тло, каде што оригиналниот Microbus доби култен статус.

Кога станува збор за Европа, деновиве се појавија информации за можната цена. Германскиот Automobilwoche од неименувани извори дознава дека цените на VW ќе бидат многу слични на Multivan, односно на ниво од 60.000 евра.

Дополнително, во комбинација со државните стимулации, цената во Германија би можела да падне поблиску до сумата од 50.000 евра. Како што кажавме, премиерата е за нешто помалку од еден месец, а листата на нарачки ќе се отвори во мај.

Тоа ќе биде верзија со електромотор поставен одзади и погон на задните тркала, додека варијантата со погон на сите тркала подоцна ќе биде вклучена во понудата. Првите примероци ќе бидат доставени до клиентите на почетокот на септември. Истото важи и за 300 mm подолгата верзија со додатни седишта која ќе пристигне дополнително.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement