Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Патување кое не се заборава: Неколку причини зошто треба да го посетите магичниот Гренланд?

Има некои патувања кои реално човек ги посетува еднаш во животот. Долгите и обраснати шумски прошетки во Амазонската област, искачување натопени со пот кон светиот град на Инките, живописна обиколка на островот Мадагаскар – ова се веројатно работи кои се прават еднаш во животот. Едно такво извонредно „once in a lifetime“ патување оди кон далечниот Гренланд, најголемиот остров на светот, кој формално е и територија на Кралството Данска. Па, доколку сакате авантура и не ви е грижа за бањите и сместувањето со пет ѕвезди, ова се само дел од причините зошто овој остров е совршена дестинација за вас…

Всушност, како што пренесува Euronews, јасно е дека Гренланд не е место за секого, а цел дел од веб-страницата на Гренландскиот туристички одбор е посветен на оваа тема, па слободно прочитајте ја.

Но, ако кајакот и санкањето со кучиња звучат интересно, Гренланд може да биде дестинација и за вас. Како што рековме, тука нема да најдете луксуз, но авантура секако. Друга работа што многу туристи ја бараат е поларната светлина во која ќе уживате овде додека буквално стоите на мразот.

Треба да се напомене дека нема многу патишта на Гренланд, односно не можете само да седите во автомобилот и да стигнете од една до друга точка. Но, затоа летниот период можете да прошетате убаво со брод, а во зима авантуристички да седнете во санка влечена од кучиња.

Иако, како што можеби веќе сте заклучиле, Гренланд е исто така место каде што можете да уживате во активности на отворено, културата на народот Инуити е исто така многу богата и интересна.

Историјата датира 5000 години наназад, но со оглед на контактот со модерната култура и Скандинавија, не се сите Инуити тука, иако од популацијата сочинуваат околу 80 проценти. Во секој случај, културата е најдобро позната во Националниот музеј на Гренланд, кој се наоѓа во главниот град Нук, каде што можете да видите повеќе од 35.000 различни артефакти.

За жал, Гренланд е и жив пример за негативното влијание на глобалното затоплување, па со секој водич ќе научите дека практично секоја година станува се помал.

И конечно, како да стигнете овде? Летови од Исланд или Данска, обично нема друг начин. А ако одлучите да заминете, задолжително известете ни, бидејќи ваквите искуства злато вредат.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom