Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ештон Качер и Мила Кунис конечно ја продадоа својата куќа во Беверли Хилс

Холивудските ѕвезди Ештон Качер и Мила Кунис продадоа куќа во кањонот Coldwater, првиот имот што некогаш го купиле заедно, за 10,4 милиони долари.

Тоа е нешто повеќе од 10,2 милиони долари што парот му ги плати на поранешниот извршен директор на Viacom, Том Фрестон за куќата во 2014 година.

Скриена на парцела од половина хектари во Беверли Хилс, во кругот на славните и позната заедница Hidden Valley, вилата од камен и дрво е изградена во 1999 година. Покривајќи 740 квадратни метри простор за живеење на три нивоа, прошарани со дабовни подови и рачно врежани лајсни се наоѓаат 5 спални соби и шест бањи. Покрај собите, најважна соба е пространата дневна соба украсена со камин и француска врата која се отвора во дворот и свечена трпезарија. Семејната соба до каминот е поврзана со белата кујна која е опремена со мешавина од антички и модерни апарати, а има и остров за јадење и катче за појадок. Во прекрасно уредената куќа има канцеларија обложена со махагони со уште еден камин.

На спратот, удобната главна спална соба има големи прозорци и луксузна бања со извонредна самостојна када со поглед на крошните зелени дрвја. Три дополнителни спални соби со сопствена бања на ова ниво имаат свои гардеробери. Спалната соба за гости/вработени може да се најде и на долниот дел од куќата, заедно со просторијата за вино, теретана и сауна со контролирана температура.

Надворешноста е подеднакво импресивна. Надворешната трпезарија е опремена со отворена кујна и бар, а базенот во стилот на лагуната со пештера се наоѓа на рамен тревен двор.

Во галеријата погледнете го некогашниот дом на Ештон Кучер и Мила Кунис.

Прочитај

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Green Tea

Ако имате висок крвен притисок, еве што треба да знаете за витаминот Д. Додатоците на витамин Д може да помогнат во намалувањето на крвниот...

____celebrity

Откриена е тајната на култната фотографија на Мерилин Монро. Легендарната сцена од филмот „Седум години верност“, во која ветерот од метрото во Њујорк го...

Advertisement