Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Дознајте кои 4 намирници го поттикнуваат лачењето на ендорфин, хормонот на среќата кој е одговорен за нашето позитивно расположение!

Ендорфин е „хормон на среќата“ кадешто го задушува неспокојството (болката), стимулирајќи расположение. Кога ни недостасува ендорфин, се чувствуваме вознемирено, апетитот и желбата ни се зголемува со мрсна храна и шеќер, склони сме на промени во расположението и се зголемува ризикот од несоница.

Можете природно да го зголемите ендорфинот со вежбање, слушање музика, уметност, танцување, хумор, како и водење љубов.

Нивото на хормонот на среќата можете да го подигнете и со одредени намирници кои содржат хранливи материи директно поврзани со зголемувањето на нивото на ендорфин. Еве 4 намирници кои треба да ги јадете кога сте нерасположени:

Темно чоколадо – Чоколадото содржи неколку различни соединенија кои можат да се поврзат со стимулација на невротрансмитери како што се серотонин, допамин и ендорфин. За да извлечете максимум од тоа, јадете темно чоколадо наместо млечно. Темното чоколадо содржи неколку антиоксиданси кои позитивно влијаат на здравјето, концентрацијата и функционирањето на мозокот.

Цитрус – Дури и само мирисот на цитрус е поврзан со подигнување на расположението. Типичниот свеж и оживувачки мирис на цитрус доаѓа од нивната главна хемиска компонента, д-лимонен. Истражувањата сугерираат дека оваа компонента го поддржува делот од нервниот систем кој е одговорен за релаксација. Со други зборови, може да го намали стресот. Потрошувачката на цитрус го зголемува и нивото на ендорфин поради високата содржина на витамин Ц. Истражувањата покажуваат дека високото ниво на витамин Ц го зголемува лачењето на ендорфин и промовира среќа, а недостатокот може да го зголеми ризикот од депресија и анксиозност.

Пиперки – Додека цитрусното овошје е познат извор на витамин Ц, пиперките се исто така полни со хранливи материи. Всушност, тие имаат повеќе витамин Ц од портокалите. Покрај пиперките, одличен извор на витамин Ц се брокулата, пршутата и јагодите.

Чили пиперки – го забрзуваат лачењето на ендорфин. Ова е особено затоа што тие содржат капсаицин, состојка што ги лути. Истражувањата покажуваат дека капсаицинот е толку моќен во предизвикувањето пријатно чувство што се користи како лек против болки во научните студии. Освен што го зголемува нивото на ендорфин, капсаицинот е поврзан и со долговечноста, што е уште една причина зошто понекогаш вреди да се прави храната позачинета.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement