Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Како да ја хидрирате кожата одвнатре?

За вашата кожа да не страда од недостаток на влага, освен соодветна грижа, важно е што внесувате во организмот.

Сигурно безброј пати сте слушнале како хидратацијата на телото е многу важна, како за општото здравје, така и за убавиот изглед на кожата. Многумина мислат дека со секојдневно консумирање доволно количество вода ги задоволуваат потребите на организмот, што е точно, но не и на кожата. Се прашувате зошто? Бидејќи кожата не може да задржи поголема количина на вода, таа мора да се надомести со производи за нега. Доволно влажната кожа е здрава кожа, а кога нејзината бариера е скршена, ни праќа аларм како чувство на сувост, првут, чешање… Хидратацијата е еден од најважните чекори на патот до беспрекорен тен и е подеднакво неопходна за секој тип на кожа. Кремите за секојдневна нега како алое, алги, церамиди, есенцијални масни киселини, липозоми, витамини Ц и Е се добредојдени како еден вид на навлажнувач.

За време на студениот период, кожата реагира на ниски температури и други катастрофи на надворешната средина. А за да се спречат несаканите реакции, потребно е кожата да се храни и да се обезбеди доволно влага и внатре и надвор.

Правилната исхрана може да помогне да се врати оваа бариера за да ја одржите вашата кожа хидрирана одвнатре. Како најголем орган, кожата е првата бариера против секоја инфекција, поради што е важно да се задржи нејзиниот интегритет. Кожата е составена од колаген, а липидниот слој ја задржува влагата. Конзумирањето на храна богата со добри масти, протеини и витамини помага да се одржи оваа бариера и да се хидрира кожата одвнатре.

Пијте вода

Бидејќи нашето тело се состои од околу 60 проценти вода, логично е дека водата игра важна улога во функциите на нашето тело, вклучувајќи го транспортот на хранливи материи до клетките и излачувањето на токсините. Исто така, ги одржува полни клетките на кожата, што е важно за спречување на сува и дехидрирана кожа. Покрај вода и чај, вклучете во вашата исхрана што повеќе овошје и зеленчук со висока содржина на вода.

Зголемете го внесот на витамин Д

Ако ви недостасува витамин Д, растворлив во масти, кожата станува сува и чеша, што е знак дека треба да го надоместите. Храната дава многу малку витамин Д, па не е погрешно да се земаат суплементи, особено во овој период кога нема доволно сончеви денови, а помалку време поминуваме надвор.

Јадете храна богата со колаген – говедска супа

Кога не внесувате доволно масти или протеини преку исхраната, вашата кожа може да стане сува. Затоа е важно да се хидрирате одвнатре со храна богата со колаген, протеини и добри масти. Супата од говедски коски е одличен извор на колаген. Јајцата, агрумите и лукот исто така ја стимулираат синтезата на колаген во организмот.

Вклучете храна богата со омега-3 масни киселини – лосос, ленено семе

Омега-3 масните киселини ќе помогнат да се подобри хидратацијата на вашата кожа и може да се најдат во масните риби како лососот. Исто така, помага да се регулира производството на себум на вашата кожа. Оние кои не сакаат риба, можат да земаат додатоци од рибино масло. Лененото семе е исто така друга алтернатива. Омега-3 се клучен дел од содржината на липиди во вашата кожа и помагаат да се подобри нејзината заштитна функција, која, кога правилно функционира, делува како заптивка што ја одржува влагата недопрена и иритирана.

Побарајте добри масти и протеини – јаткасти плодови и разни семиња

Оревите и семките како што се лененото семе, семето чиа, семките од сончоглед и бадемите обезбедуваат природни здрави масти. Авокадото е исто така добар извор, а се препорачува да се консумира маслиново и магдоносно масло како екстракт на добри масти, со цел да се одржи липидниот слој на кожата и да се спречи разградување на мастите. И бидејќи вашата кожа се состои од протеини, од клучно значење е да вклучите протеини (свежо сирење, тофу, јајца) во вашата исхрана за да ја одржите нејзината структура.

Обрнете внимание на храна богата со витамин А – моркови, слатки компири, туна

Витаминот А доаѓа во две форми – ретинол, кој главно се наоѓа во храната од животинско потекло и провитаминот А или бета-каротен, кој се наоѓа во црвено, портокалово, жолто и некои видови зелени овошја и зеленчуци. Моркови, слатки компири (батат), лосос, црн дроб, туна, диња, спанаќ, и друга храна богата со витамин А може да помогне во одржувањето на еластичноста на кожата и општото здравје и имунитет.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
betewin   betewin   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   betsat   betsat   betsat   betsat   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   casibom   casibom   fixbet   betewin   mrking   fixbet   betewin   mrking   spinco   betewin   spinco   betewin   fixbet   betewin   spinco   matadoret   casibom   betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet