Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ким Кардашијан или Кејт Мос: Кој треба да ни биде пример кога станува збор за физичкиот изглед?

Според научните студии, телото на реалити ѕвезда не треба да биде модел за да бидеме витки и здрави.

Според најновото истражување, кое e лансирано во Канада, експертите одбрале слики од влијателни жени со три различни фигури, кои генерално се сметаат за витки, а овој метод е прикажан на група од 402 студентки, на возраст од 18 до 25 години. Од нив било побарано да се споредат со жените на фотографиите.

Фигурата „витка заоблена“ или песочен часовник се карактеризира со голем задник и бутови, многу тесен струк и рамен стомак. Примери за такви витки жени се Ким Кардашијан и Бијонсе. „Тенката“ фигура е опишана со витко тело со рамен стомак и мал струк, како Кејт Мос, додека третиот „фит“ тип е затегнато тело, со алтеларна градба, како Џилијан Мајклс.

Истражувањата покажаа дека девојките кои биле изложени на гледање фотографии од фигури на песочен часовник доживеале најголемо незадоволство од споредбите со нивниот изглед. Ниту споредбата со „тенката“ фигура, ниту со „фитот“ не резултираше со такво негативно искуство за себе како споредба со жени со нагласени облини.

Се верува дека жените со тело како Ким, станале многу позастапени во западната култура во последните неколку години благодарение на влијанието на социјалните мрежи. Притисокот на младите жени да постигнат таква градба може да биде поштетен од притисокот да бидат ултра слаби.

Истражувањето го спроведоа Сара МекКомб и Џенифер Милс, две истражувачки од Универзитетот Јорк во Торонто. „Културните трендови во западните медиуми неодамна се префрлија на позаоблениот тип на тело наречен „тенко заоблено“, кој се карактеризира со голем задник и бутови, и мал струк и рамен стомак“, велат тие во нивното истражување. „Моделите со големи задници и бутови не нудат ништо поздраво или пореалистично идеално тело од „фит“ или „тенок“ идеал, а всушност може да бидат најштетниот тип кој се претставува како „идеално женско тело“ според сегашните наоди“.

Генерално, студијата сугерира дека модерната опсесија за постигнување идеално тело се префрла на „тенко заоблено“ тело, што може да биде повеќе штетно за имиџот на женското тело отколку „тенок“ идеал.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement