Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Објава на посебен начин: Ријана со труднички стомак низ снежните улици на Њујорк

33-годишната музичка ѕвезда и моден магнат го очекува своето прво бебе со раперот АСАП Роки. Веста која преку ноќ одекна низ целата планета, воодушеви многу фанови на овој сладок пар. Ријана не ги коментираше повеќемесечните шпекулации за бременоста, се до моментот кога – на свој начин не го покажа трудничкиот стомак со уникатна серија фотографии.

Идните родители викендов беа фотографирани во Њујорк, каде пејачката го откри својот стомак, облечена во долга, розова јакна и широк тексас фармерки со спуштен струк. Закопчана само на едно копче во пределот на градите, каде јакната го разоткрива труднички стомак кој беше украсен со детали во форма на голем златен крст, исполнет со разнобојни кристали, како и нанижани бисери.

На една од најнежните слики, направена во Харлем – областа каде што пораснал АСАП Роки, раперот ја бакнува својата идна мајка во чело, додека ужива во прошетка на снежниот ден.

Во мај 2021 година, за време на едно интервју, идниот татко изјавил дека Ријана е „љубовта на неговиот живот“, додека за основањето семејство рекол дека дефинитивно е во план и дека кога ќе се случи тоа ќе биде „извонреден татко.“.

Погледнете ја низата фотографии во нашата галерија!

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement