Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Наследникот на брендот Живанши купи елегантна куќа на плажа во Малибу вредна 14,5 милиони долари

Ако сте наследник на големата модна империја Живанши, состојбата на банкарската сметка мора да биде солидна! А тоа го докажува Оливие де Живанши, кој неодамна го прошири своето портфолио со недвижнини со луксузна куќа на плажа во Малибу, која чини неверојатни 14,5 милиони долари!

Сместена во затворена површина од 1,4 хектари во една од најбараните улици во оваа област, куќата на море е рај сама по себе. Има седум спални соби и шест бањи распоредени на повеќе од 630 квадратни метри.

Луксузната куќа може да се пофали и со винтиџ подови од орев, дрвени ѕидови од штица, стаклени ѕидови за доволно осветлување и класична кедрова структура. Дневната соба е пространа, има високи тавани, камин и француска врата која се отвора во тематски поплочен дел од дворот.

Сепак, тоа не е се! Куќата е задоволство за оние кои сакаат да бидат домаќини и да го пружат најдоброто за своите гости. Трпезаријата до каминот има вградени порцелански кабинети, додека кујната има најсовремени не’рѓосувачки апарати, камени плочи и простран трпезарски остров. Меѓу другите погодности има и простор за подготовка што се поврзува со удобно ќоше за појадок.

Кога сме кај собите, тие се карактеризираат со високи тавани, простор за седење и гардероби, како и прекрасни кади за одмор пред спиење.

Однадвор, имотот има покриена трпезарија и поплочен двор со камин од тули, базен и спа опкружен со тревник, куќа за базен, терен за тенис/кошарка со целосна големина и гаража со три автомобили.

Прекрасната куќа е изградена во 2001 година, а претходно била во сопственост на технолошкиот претприемач и инвеститор Ашер Делуг, кој ја купил за 11 милиони долари во 2016 година.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement