Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

7 намирници кои имаат повеќе калиум од бананите: Ги зајакнуваат мускулите, срцето и нервниот систем

Бананите не се единствениот начин да му ги дадете на вашето тело потребните количини на калиум. И не е ни најдобар! Прочитајте кои намирници се богати со калиум.

Калиумот е еден од најважните хранливи материи, бидејќи игра клучна улога во зајакнувањето на мускулите, нервните функции и здравјето на срцето. Ако не ја земате препорачаната доза од 4.700 мг на ден, може да се појави замор, грчеви во мускулите, тремор и несвестица.

Сигурно сте слушнале дека бананите се добар извор на калиум, што е точно. Ова вкусно овошје е одличен избор доколку сакате да внесете калиум, бидејќи една банана со средна големина содржи околу 422 милиграми од оваа важна супстанца.

Сладок компир
Слаткиот компир нека биде прилог на секој оброк во текот на летото. Оваа вкусна храна полна со витамини содржи дури 542 милиграми калиум во една порција!

Авокадо
Со секое авокадо внесувате скапоцени 487 милиграми калиум во вашето тело.

Бел грав
Додадете грав во супа или чорба, и послужете како прилог. Како и да го подготвите, одличне е, бидејќи гравот е полн со калиум. Само 90 грама бел грав содржи неверојатни 502 милиграми од овој скапоцен минерал.

Јогурт
Ако сакате да имате здрава ужина, тоа не може да биде подобро од здрав, освежителен јогурт. Преку стандардна порција од 250 милилитри, ќе си обезбедите 579 милиграми калиум.

Спанаќ
Промешајте спанаќ бидејќи 220 грама од овој здрав зеленчук содржи неверојатни 839 милиграми калиум! Ставете го во салата, плескавица, напиток… Изберете еден од многуте начини и редовно консумирајте спанаќ.

Сос од домати
Свежите домати се одлични, но сосот од домати и пирето се подобри извори на калиум. Една четвртина чаша ви дава 664 мг од овој минерал, додека половина чаша пире има 549 ​​мг. Сокот од домати има повеќе од 400 мг.

Суви сливи
Само три четвртини од чаша сливи ќе ви дадат 530 мг калиум. Иако сигурно знаете дека се одлични за варење, помалку е познато дека се добри и за зајакнување на коските. Едно истражување покажа дека жените кои јаделе 10 суви сливи дневно имале значително подебели коски од оние кои јаделе друго сушено овошје.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement