Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Норвешка во помал обем: Остров на бесконечноста чии жители уживаат во најдоброто од северот

Откако пред извесно време ве запознавме со Свалбард, Норвешка ни стана „допадлива“ цел, па овој пат од ракавите извлековме уште една извонредна дестинација која вреди да се посети. Станува збор за островот Сењ, кој заедно со оние од архипелагот Свалбард е еден од најголемите острови во Норвешка.

Населен е со 8.000 жители, и да, на овој остров можат да се доживеат сите тие слики од фјордови, бескрајно убава природа и нереални пејсажи. Северните брегови на островот се свртени кон отворено море, па мора да ги погледнете бескрајните пространства. Од друга страна, на западниот брег, карпите се издигнуваат директно од морето, а има и некои мали, рибарски села.

Најголем дел од жителите за живот ги избрале истокот и југот, бидејќи во тој дел од островот течат реки, растат шуми, а има и земја за обработка. Сењ често се нарекува „Норвешка во минијатура“, бидејќи различниот пејзаж на островот ја отсликува практично целата норвешка природа.

Главната атракција на островот е секако Националниот парк Андердален, со своите борови шуми и планини. Во него ќе сретнете значителен број ирваси и елени, но и помали животни како лисици, зајаци и фоки. Значи, сосема е јасно дека нема да бидат изоставени ниту љубителите на фауната. Иако овде нема првенствено да ја истражувате историјата, веројатно има и такви, а тие можат да се упатат на југ до регионот Траној, каде што има неколку мали музеи кои ја документираат историјата на овој остров.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement