Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Култните „AIR FORCE 1“ патики дизајнирани од Вирџил Абло одат на аукција

Колекцијата на патики Air Force 1, создадена во соработка помеѓу Вирџил Абло, брендовите Најк и Луј Витон, ќе се најде на Сотби аукцијата. Наддавањето ќе се одржи од 27 јануари до 8 февруари.

На 28 ноември 2021 година, на 40-годишна возраст, почина Вирџил Абло, основач на брендот Off-White и креативен директор на модната куќа Луј Витон. А сега, само неколку месеци подоцна, патиките Air Force 1, дизајнирани од Абло како дел од соработката меѓу Луј Витон и брендот Најк за машката колекција на Луј Витон пролет/лето 2022, ќе бидат ставени на аукција во Сотби.

Подготовките за аукцијата и придружните настани започнаа уште пред смртта на дизајнерот. Аукцијата ќе трае од 26 јануари до 8 февруари во соработка со семејството на починатиот дизајнер.

На аукцијата ќе бидат претставени вкупно 200 пара култни патики. Секој пар ќе се продава во портокалова кожна футрола со монограмот „Таурилон“ со потпис на Луј Витон (исклучиво за оваа аукција), кој исто така беше претставен во колекцијата.

Наддавањето ќе биде отворено на 27 јануари 2022 година, а предаукциската изложба веќе се одржува во Њујорк од 19 јануари до 8 февруари. Приходите од аукцијата ќе бидат наменети за постмодернистичкиот фонд на Абло, кој поддржува талентирани црни студенти.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement