Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Како Гвинет Палтроу успева да изгледа исто речиси 30 години?

Нејзината тајна за излгледот е во принципот „помалку е повеќе“.

Ништо не се променило многу во физичкиот изглед и естетиката на холивудската актерка од 90-тите, а во прилог на тоа говорат и сликите. Додека светот на убавината претрпе секакви затегнувања на лицето во последните три децении, Гвинет се задржа на минималистичкиот пристап за нега на кожата – кој вклучува целосно контролирање на состојките што ги става на нејзината кожа.

Па, која е нејзината тајна да изгледа речиси исто 30 години подоцна? Водење по принципот помалку е повеќе.

„Отсекогаш сум била доста доследна на минимализмот“, рекла актерката и додала дека единственото нешто што го намалила – не по избор, туку по сила на околностите откако имала деца, биле професионални третмани на лицето. „Навистина немам време да одам (во салоните). Сега имам околу еден третман на лице годишно и го правам дома“.

Маслото и пилингот се клучот за нејзиниот блескав и младешки изглед на лицето, кој се базира на природни и нетоксични состојки, како и на витамин Ц и овошни ензими за ефект на измазнета кожа. Третманот за пилинг се прави најмалку еднаш неделно.

Но, не е важно само нејзиното лице. Гвинет сите овие години останала доследна на својата руса права коса, но и на готовиот број, што го потврди минатиот ноември кога се појави на ревијата на Гучи во црвен, кадифен костум на Гучи што го носела на Ем-Ти-Ви наградите во 1996 година. Неверојатен факт дека таа без напор ја носи истата облека 25 години подоцна.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement