Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Рецепт на денот: Освежителен чизкејк од портокал

Десерт на кој тешко може да се одолее, го сакаат сите, дури и оние кои не се љубители на благо. Основата на оваа торта се состои од три дела: долниот слој е направен од кекси или бисквити, средниот слој е од сирење и на крајот доаѓа овошјето или некој друг прелив од желатин. Може да се направи со малини, капини, јагоди или некое друго драго овошје што му го дава тој посебен, освежителен ефект, додека сирењето е негов заштитен знак. Толку е неодолив што не е чудно што го носи епитетот колач над колачите.

Состојки:

Подлога:

250 гр мелени бисквити
100 гр путер (стопен)
50 мл сок или млеко (приближно)

Фил:

300 гр крем сирење
300 гр слатка павлака
150 мл свеж сок од портокал
100 мл сок од лимон
170 гр шеќер во прав
6 листови желатин

Топинг:

2 дл свеж сок од портокал
1 лажичка густина
1 лажичка шеќер
3 листови желатин

Подготовка:

Бисквитот сомелете го, па измешајте го со растопен путер и топло млеко. Месете, па притиснете на дното на кружниот калап. Оставете во фрижидер додека го подготвувате филот.

Желатинот натопете го во ладна вода (5-7 минути).

Загрејте малку сок од портокал, па тргнете го од оган и во сокот растопете го омекнатиот и исцеден желатин. Добро измешајте да се растопи желатинот, па додадете го остатокот од сокот. Стави на страна.

Се мешаат крем сирењето, слатката павлака и шеќерот во прав, па полека се додава сокот од желатин. Кремот посипете го врз базата за бисквит и израмнете. Вратете го во фрижидер со цел филот да стврдне.

За топингот (последниот дел): загрејте го сокот од портокал, па додадете го густинот и шеќерот што претходно ги растворивме во малку сок што предхоно извадивме 200 мл и варете две минути. Тргнете го металниот сад од оган и стопете го желатинот во врел сок кој претходно го натопивме во ладна вода и исцедивме. Оладете го неколку часа пред да послужите.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement