Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Локациски сместен 258 метри под нивото на морето: Дали е ова најстариот град на светот?

Станува збор за една од најстарите населби во светот од каде што се развил и град, а на чие подрачје се пронајдени докази за живот стар околу 11.000 години …

Кога се зборува за најстариот град во светот, редовно се споменуваат Луксор во Египет и Дамаск во Сирија, а некои одат дотаму што тврдат дека тој е главен град на Грција, иако според некои истражувања Винковци е двојно постар од Атина и најстарата континуирана населба во Европа. Некои историчари, пак, тврдат дека титулата најстар во светот му припаѓа на Ерихон – палестински град во долината Јордан на Западниот Брег, кој денес има околу 20.000 жители.

Станува збор за една од најстарите населби во светот од каде што се развил и град, а во архелошкиот простор се пронајдени докази за живот стари околу 11 илјади години.

Се верува дека неговите први жители биле ловци од средното камено доба, додека археолошките ископувања и откривањето на древни канали за наводнување, српови и остатоци од жито потврдија дека земјоделците живееле тука илјадници години. Областа околу Ерихон, имено, сè уште е позната по одгледување урми, агруми, банани, зеленчук и цвеќиња.

Археолозите го потврдија постоењето на дваесетина населби на овој простор во доцното камено време. Населбите биле опкружени со бедеми со кули, а луѓето живееле во живеалишта од исушени тули.

Во текот на својата долга историја, областа на денешен Ерихон била населена со номадски племиња како Аморејците и Ханаанците. Има многу интересни работи поради кои многумина, како и ние, пишуваат за Ерихон денес, а во Библијата се споменува и како град кој Исус Навин (Јошуа) го освоил при влегувањето во ветената земја.

Интересот за Ерихон не престанува со милениуми, а тоа се причините поради кои туристите доаѓаат во Ерихон и кои се користат за привлекување патници на западниот брег и покрај политичката ситуација, но и пандемијата на коронавирус.

Ако ви треба дополнителен мотив да го ставите на вашата листа на желби, Ерихо денес ја носи титулата најниско лоциран град во светот бидејќи се наоѓа на 258 метри под морското ниво. Дополнителен плус е што се наоѓа во близина на популарното Мртво Море.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom