Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

RIMOWA ви претставува куфер инспириран од вселената кој е совршен за вашите патувања

Дали наскоро ќе патувате некаде? Римова (Rimowa) има специјално издание куфер инспириран од вселената што е таму за да ве однесе на Месечината или некаде поблиску.

Овој ноември, брендот познат по својата изработка, наследство и квалитет го лансира куферот „Original Cabin Moon“ со препознатлива релјефна кожа која е трансформирана за да го одразува пејзажот на кратерот на Месечината.

Ова е продолжение на меѓугалактичката одисеја на брендот, колекција која лансираше два ексклузивни куфери инспирирани од Марс и Меркур претходно оваа година. Новиот куфер е претставен во ограничено издание со само 750 нумерирани модели, бројка што означува 750.000 километри патување од седиштето на брендот во Келн до Месечината и назад.

Благодарение на експертизата на брендот Римова, впечатливата завршница изгледа како реален лунарен дизајн кој е полн со длабочина и изгледа исто како површината на Месечината. И како почит на вселенскиот костум на астронаутите, куферот има црвено-бели детали, придружени со бел кожен ремен со црвени рабови, што го прави колекционерски предмет што ќе го сакаат сите кои се опседнати со универзумот.

Како и со сите оригинални куфери, специјалното издание доаѓа со елоксирана алуминиумска значка врежана со логото на брендот и има сопствен патентиран систем со повеќе тркала и телескопска рачка за непречено и лесно ракување.

Со димензии 40 x 55 x 23 cm, цврстата и елегантна креација е идеална за вашите кратки патувања за време на викендите, како и за долги патувања кога само сакате овој куфер инспириран од Месечината да ви биде поблиску.

Оригиналниот „Cabin Moon“ ќе биде достапен во продавниците на Римова (Rimowa) од 10 ноември 2021 година, токму на време за вашето следно патување.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom