Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Како да изгледате моќно како „Матрикс“ хероина ни демонстрира Ирина Шајк во кожен мантил

Ништо не го издигнува изгледот како аутфит во црно oд глава до пета – особено кога станува збор за парчиња облека од кожа, кои Ирина Шајк многу добро ги знае. Овој викенд таа го прослави својот 36-ти роденден, канализирајќи ја внатрешната естетика на еден суперхерој од популарната научно-фантастична сага „Матрикс“.

Прекрасна комбинација на макси кожен капут преку црно здолниште и кожени црни панталони, кои ги споила со очила за сонце во Ray-Ban стил и мокасини Burberry, исто така направени од кожа. Во овој совршен монохроматски изглед таа е видена на улиците на Њујорк на денот на нејзиниот роденден, во друштво на нејзината 4-годишна ќерка Ли. По стилскиот пример на мама, слатката ќеркичка на Ирина носела мини капут Burberry, носејќи балони во рацете.

Долгите кожени палта се тренд кој му одолева на времето кога се во прашање ѕвездите од А-листата. Освен Ирина, често можеме да видиме и други познати личности во вакво парче, а омилена е и Ким Кардашијан, но и новиот избор на Канје Вест, актерката Џулија Фокс.

Колку е моќен овој стајлинг погледнете сами во нашата галерија.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement