Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ирина Шајк го продава својот стан за 8,2 милиони долари

Ирина Шајк сака луксуз, а тоа најдобро се одразува во нејзиниот стан кој го купи за 6 милиони долари во декември 2015 година, кога почна да излегува со Бредли Купер. Сега супермоделот најверојатно ќе живее во стан на улицата Пери што го купила во 2010 година.

Луксузниот стан на Ирина Шајк се наоѓа во луксузна населба во Њујорк, со поглед на реката Хадсон и паркот. Станот е со површина од 185 метри квадратни, има две спални соби, секоја со сопствено купатило додека едната има самостојна када со џакузи.

Прозорците, високи преку три метри, се протегаат од подот до таванот и нудат прекрасен поглед на целиот град.

Влезната галерија води до пространа дневна соба и трпезарија со мермерни подови. На јужната страна од дневната соба има приватна тераса – единствена во станбената зграда.

Кујната е пространа и убава, направена од орев, додека работните површини се од бел мермер. Боите на целиот ентериер се пригушени – белата е комбинирана со различни нијанси на сива и кафена боја. Апартманот 150 Чарлс се наоѓа во Вест Вилиџ. На жителите на зградата им е на располагање градина, фитнес центар, бар и базен долг речиси 23 метри.

Познато е дека Бон Џови и Бен Стилер живееле во оваа зграда.

Во галеријата погледнете го луксузниот стан на познатата манекенка.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement