Дали сакате да живеете луксузен живот како Грејс Кели барем неколку дена?
Доколку вашиот одговор е „Да“, дозволете ни да ви го предложиме Princess Grace Suite, апартман во кој ноќевање чини од 30.000 до 40.000 евра. Сместен во прекрасниот Hotel de Paris Monte-Carlo во Монако, ниту еден аспект од дизајнот не е занемарен во овој двособен стан со 500 квадратни метри внатрешност и 470 квадратни метри надворешност.
Овој прекрасен стан на Азурниот брег – кој се наоѓа на седмиот и осмиот кат од хотелот, каде што се венчаа Грејс Кели и принцот Ренија III од Монако во пролетта 1956 година – е исполнет со дела и сувенири од принцезата Грејс, како на пр. нејзините омилени песни и книги.Нејзините отпечатоци се дури и втиснати на тепихот во спалната соба во боја на песок, а нејзиниот потпис е врежан на стаклената преграда во станот. Станот е реновиран и повторно отворен во 2018 година, откако беше трансформиран од архитектите-дизајнерите Ричард Мартинет и Габриел Виора.
Историјата и вниманието на деталите во овој стан се единствени. Гостите имаат ексклузивен пристап до личните спомени на принцезата Грејс. „Ова е искуство што не може да се најде никаде на друго место и ние сме воодушевени што гостите можат да го искусат овој исклучителен историски стан“, изјави извршниот директор на Edge Retreats, компанијата задолжена за изнајмување луксузни имоти за одмор.
Станот има пристап до плажата Монте Карло и голф клубот Монте Карло. Со услугите на консиерж во бели ракавици кој може да ги задоволи желбите на секој гостин, клиентите ќе бидат третирани како благородници.
Секој гостин на овој луксузен апартман ќе ужива во лежерноста на прекрасната тераса, со живописен поглед на Медитеранот, палатата на принцот во Монако, Монте Карло и пристаништето Монако. Кога ќе бидете подготвени да прочитате една од омилените книги на принцезата Грејс, можете да отидете до бесконечниот базен, кој им го отстапува местото на соседниот надворешен простор за живеење и гранитното џакузи. Ако сакате пијалок, има и приватна винарска визба и бар на отворено.
Грејс Кели во минатото ја кажа познатата изрека: „Никогаш не велам „никогаш“ и никогаш не велам „секогаш“, но кога станува збор за овој стан во Монако, нашиот одговор е „секогаш“.




