Ако досега не сте знаеле дека во колач иде и црн пипер, еве ја вашата шанса да се уверите. Секако, станува збор за цитрусен вид на црн пипер што дава свежина. И не само тоа, ова шушкаво задоволство е направено и од масло од ориз. Сè на сè, многу интересни состојки, а резултатот е извонреден.
СОСТОЈКИ:
170 гр шеќер
140 гр брашно
50 ml масло од ориз
40 гр ф’стаци
30 гр шеќер
сол
малку квасец (може и во прав)
4 јајца
црвен грејпфрут
половина кафена лажичка или по вкус тимут пипер (познат како пипер од грејпфрут)
ПОДГОТОВКА:
Изматете ги со миксер жолчките со 70 гр шеќер и прстофат сол. Додадете го маслото и малку подоцна 80 мл сок од грејпфрут. Потоа, додадете половина лажичка мелен тимут пипер и половина лажичка рендана кора од грејпфрут и на крајот брашно и квасец.
Белките изматете ги со жолтиот шеќер, па малку додајте ги во жолчките. Смесата истурете ја во калап за куглоф и печете 50 минути во рерна на 160 Целзиусови степени.
Извадете ја тортата од рерна, но не и од калапот. Оставете го да се излади. Пред да го извадите од калапот, поминете со нож по работ за да го одделите.
Ивицата премачкајте ја со сируп направен од сок од 1 грејпфрут и 100 гр шеќер што се вари 5 минути. Потоа ставете ги сечканите ф’стаци на работ над сирупот. Излупете 3 до 4 кришки црвен грејпфрут, извадете го мекиот дел и наредете го на колачот.
