Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Принцот Вилијам сподели посебен спомен за својата мајка: „Оваа песна непрекинато ни ја пееше во автомобилот“.

Вилијам решил да открие неколку лични моменти од минатото кои ги делел со мајка си и помалиот брат, а кои оставиле голема трага во неговиот живот. Повод за раскажување сентиментални приказни е серијата Apple Fitness + и епизодата „Time to walk“ каде тој промовира ментална и физичка благосостојба преку прошетка низ Сандрингам, имотот на неговата баба, кралицата Елизабета.

По тој повод спомена три омилени песни и објасни зошто му се важни. Првата песна е за неговата мајка Дијана, која играла во автомобил додека возела.

„Кога бевме помлади, Хари и јас одевме во интернат. Мајка ни свиреше разни песни додека не возеше, за да ја елиминира секаква нервоза поради одењето на училиште. Сепак, она што ми остана во меморијата, а во кое потајно уживам и денес е од Тина Тарнер „The Best“. Седењето на задното седиште од автомобилот, пеејќи ја таа песна заедно, атмосферата и тој момент ја направија семејна. А мајка ми, исто така, возеше и пееше гласно“, рекол принцот.

„Сега кога ја слушам, ме враќа во тоа време на возење. Буди многу спомени за мајка ми“.

Вилијам сега создава посебни моменти со своите деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, принцот Луис.

Главно има голема утринска расправија меѓу Шарлот и Џорџ чија песна ќе биде објавена, па јас обично играм судија и се договориме еден ден Шарлот да направи избор, а Џорџ следниот ден. Војводата вели дека песната на Шакира „Waka,waka“ моментално им е омилена на неговите деца.

Третата песна што ја избра принцот е од AC/DC „Thunderstruck“. „Морам да кажам дека кога првпат го објавив, а досега го слушав милион пати, си помислив: „Па, ова е прилично тешко за понеделник наутро“. Но, сега, кога ја слушам, не постои ништо подобро за будење во понеделник наутро“, откри тој.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement