Многумина од нас се борат со вишокот килограми и постојано бараме некое магично решение како да ослабеме без премногу да се мачиме. Може да се каже дека не постои, но потрудете се во вашето мени да внесете зеленчук што е нискокалоричен, а вкусен и од него може да се направат повеќе работи. Пробајте.
Храната на оваа листа е толку диетална што вашето тело користи повеќе калории за да ги свари и преработи отколку што сте внесувале кога ги консумирате. Затоа се препорачуваат за време на диетата, а освен негативни калории, внесуваат и грст хранливи материи во вашето тело.
1. Рукола (4 калории – 1 чаша)
Богат е со растителни влакна, витамини А, Ц и К, потоа со калиум и други хранливи материи. Тој е силен антиоксиданс.
2. Аспарагус (27 калории – 1 чаша)
Содржи големи количини на аминокиселини кои имаат диуретик својства, па се одлични за чистење на организмот од алкохол и други отрови. Содржи витамини А, Ц, Е, К, Б6, железо, бакар…
3. Брокула (31 калорија – 1 чаша)
Богата со витамини и минерали, има силни антиоксидантни својства.
4. Зелка (22 калории – 1 чаша)
Полн е со витамини, минерали, влакна и фитонутриенти. Одличен е за детоксикација.
5. Марула (5 калории – 1 чаша)
Постојат разни видови зелена салата, можете да ја јадете во неограничени количини и нема да се здебелите. Марулата содржи витамин Б, фолна киселина, манган…
6. Ротквици (37 калории – ½ чаша)
Богати се со железо, влакна, фолна киселина, како и со калиум. Тие се силни антиоксиданси.
7. Грејпфрут (39 калории – половина овошје)
Содржи големи количини на витамини Ц, А, ликопен, фолна киселина, калиум, пектин, како и растителни влакна.
8. Домат (22 калории – домат со средна големина)
Содржи ликопен, еден од најсилните антиоксиданси, потоа калиум, витамин Ц и растителни влакна.
9. Тиквички (20 калории – 1 чаша)
Тие содржат многу витамин А, како и влакна.
10. Спанаќ (7 калории – 1 чаша)
Богат е со железо, фолна киселина и витамин К. Содржи и бета-каротин, витамин Ц, како и лутеин.
