Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Ѕирнете во калифорнискиот дом на Дорис Деј од 6 милиони долари

Дорис Деј била една од најпопуларните актерки и пејачки во 50-тите и 60-тите години.

Нејзината весела личност, убавина и прекрасен глас ја направија сакана ѕвезда ширум светот. По многу албуми, радио емисии, филмови како „Човекот кој знаеше премногу“ на Хичкок и нејзиното сопствено ТВ шоу „Шоуто на Дорис Деј“, таа се повлече од светот на шоу-бизнисот во 1973 година на 51-годишна возраст.

Покрај успешната кариера, таа е позната и како голем заштитник на животните. Неколку години подоцна се преселила во Кармел, Калифорнија со своите кучиња и мачки. Таа избрала куќа од 700 квадратни метри во жолта боја со поглед на долината Кармел и теренот за голф „Quail Lodge“.

Жолтата и била една од омилените, а со изборот на оваа топла боја за надворешноста сакала да создаде весело и топло место каде сите нејзини гости ќе се чувствуваат удобно. Веселата жолта куќа на Дорис Деј во еден од најшармантните градови во земјата е проценета на 7,4 милиони долари, но со намалувањето на цената неодамна е продадена за 5,7 милиони долари, а сите пари беа донирани на фондацијата „Doris Day Animal“.

На прекрасниот имот, веднаш до главната куќа, има викендица за гости. Имотот има девет бањи, шест спални соби, пространа дневна соба и други соби кои се осветлени од сонцето со прекрасен поглед во кој може да се ужива од секој балкон или тераса.

Кармел е град кој го одбрале многу уметници и е познат по своите посебни закони, како што се забраната за носење потпетици над 5 см и отворањето на синџири на ресторани. Самата Дорис предложи – и на крајот усвоена како закон – дека миленичињата можат да ги придружуваат сопствениците во ресторани, продавници и на плажа.

Во фотогалеријата погледнете ја „среќната куќа“ на Дорис Деј.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement