Сигурно ви се случило да се чувствувате безволно, неподготвени за каква било акција, чувството на тежина во нозете и рацете не ви дозволува да се движите, а не сте болни, ниту пак оваа состојба е навестување на нерамнотежа во телото. Решението за оваа ситуација лежи во пијалокот кој ви го претставуваме. Ако се одлучите да го пробате, тоа сигурно брзо ќе ви ја врати енергијата и ќе бидете подготвени за обврските кои ве очекуваат тој ден.
СОСТОЈКИ:
1/2 шолја бадемово млеко
1/2 чаша сок од портокал
1/2 банана
1 лажица мед
1/2 лажичка цимет
прстофат ѓумбир во прав
мраз (опционално)
ПОДГОТОВКА:
Ништо поедноставно. Измешајте ги сите состојки во блендер и испијте веднаш. Бадемовото млеко ќе дава енергија, а портокалот и бананата се богат извор на витамин Ц и калиум, минерали кои го регулираат крвниот притисок. Наместо ѓумбир во прав, можете да ставите парче свеж ѓумбир.
