Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

4 намирници кои го намалуваат стресот – јадете ги кога сте вознемирени или имате непријатни симптоми на анксиозност!

Јогата, медитацијата, престојот во природа, трчањето или пешачењето се користат како главни упатства за намалување на стресот и непријатните симптоми на анксиозност. Сепак, не смееме да ја занемариме диетата која силно влијае на нашето расположение, менталното здравје и емоционалната состојба. Има една изрека која вели „Ние сме тоа што го јадеме“. Овошјето и зеленчукот се меѓу најдобрите намирници за намалување на стресот и анксиозноста, покажуваат бројните студии, како и истражувањата на Светската здравствена организација.

Свежото органско овошје и зеленчук се неопходни за регулирање на крвниот притисок, подобрување на здравјето на срцето и стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Зеленчукот и овошјето содржат важни хранливи материи како што се витамини, минерали, флавоноиди и каротеноиди кои можат да го намалат воспалението и оксидативниот стрес и затоа ја подобруваат менталната благосостојба, истакнуваат истражувачите. Многу експерти истакнуваат дека долготрајниот и неконтролиран стрес може да доведе до голем број здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања, дијабетес, депресија и анксиозност, па затоа мора да најдеме начини да ги спречиме и евентуално да ги ублажиме идните проблеми со менталното здравје.

Ако зголемувањето на внесот на овошје и зеленчук може да го направи тоа, тогаш вреди да се проба. Еве 4 намирници кои се најдобри сојузници во борбата против стресот:

Зелениот – спанаќ, зелка, блитва, зелена салата, богати се со магнезиум, кој делува антистресно. Иако магнезиумот денес им е достапен на многу луѓе преку суплементи, важно е да се знае дека телото најдобро ги апсорбира хранливите материи од свежата храна.

Аспарагусот е богат со фолати и витамин Б, кои можат да го подигнат расположението и да помогнат да се спречи раздразливоста. Истражувачите откриле врска помеѓу ниските нивоа на фолати и витаминот Б12 кај луѓе кои имаат проблем со депресивно расположение. Многу лекари ги препишуваат овие витамини на анксиозните луѓе како додаток на терапијата.

Цитруси – Најубавата комбинација на слатко и кисело, агруми како портокали, мандарини, лимони и лимес содржат шест од осумте витамини Б кои помагаат во намалување на стресот.

Јаболка – Ако не сте јаделе јаболка подолго време, сега е време да започнете. Ова овошје содржи високо ниво на антиоксиданси кои помагаат да се намалат симптомите на анксиозност.

Консумирајте свежо овошје и зеленчук како ужина во секој оброк. Погрижете се вашата чинија да биде исполнета со разни бои, а потоа тие бои ќе се прелеат и во животот. Природата ни дава големи нешта за нашето тело, ум и душа – искористете ги тие дарови.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement