Серијата модерни појавувања на Лејди Гага на промотивната турнеја на филмот „House of Gucci“ продолжи со уште едно појавување на пејачката и актерка кое привлече внимание.
За долгоочекуваната премиера на филмот во Лос Анџелес, 35-годишната поп ѕвезда демонстрирала нова фризура во форма на планетарно популарен боб стил.
Гага на себе носела сребрен фустан на Валентино без прерамки со блескав дијамантски накит, а гламурозната шминка која вклучуваше „smokey eyes“ и богато нацртан ајлајнер придонесе за целокупниот изглед кој потсетува на стариот Холивуд.
Пејачката која во најновиот настап ја толкува улогата на Патриша Реџани, на црвениот тепих се појави со нова шик фризура во форма на платинест боб стил, благодарение на што доби бројни позитивни коментари.
Навистина беше освежувачки да се види Гага без екстензии, иако можно е овој пат да се работи за перика, бидејќи пејачката е позната по тоа што често ја менува бојата на косата.
Во галеријата можете да погледнете фотографии од ова елегантно издание на планетарно популарната пејачка и актерка и да процените дали и вам ви се допаѓа боб фризурата на Лејди Гага.





