Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Раскошниот „женски замок“ на вода е еден од најубавите во Франција

Кога ќе помислиме дека сме го виделе најубавото во Франција – без разлика дали е тоа ривиера, долини, замоци или градини – повторно успева да не изненади. Овој пат, ќе останете без здив од замокот лоциран во долината Лоара, сместен на вода.

„Chateau de Chenonceau“ е еден од најпознатите замоци во долината во северозападниот дел на земјата, која го носи прекарот „Градината на Франција“. За тоа се заслужни многубројните лозја, овоштарници и полиња покрај бреговите на реката, како и величествениот замок што го краси.

Уште во 11 век се споменува имотот Шенонсо (Chenonceau), а во 16 век се споменува прекрасен замок кој се протега како мост на река. Изграден е од најголемите ренесансни архитекти од тоа време, а денес е еден од најпосетуваните замоци во Франција. Прогласен е за споменик на културата, а целиот комплекс е плод на женската имагинација.

Во женски раце

Имено, замокот бил подарок од кралот Хенри II на неговата љубовница Дијана де Поатје. Токму таа изразила желба замокот да ја премине реката на другиот брег, а околу него да се засади бујна градина полна со цвеќиња и овошни дрвја.

Кога кралот Хенри II умрел, неговата вдовица Катерина де Медичи ја протерала неговата љубовница од имотот, принудувајќи ја да го замени овој замок со друг. Потоа го презела и дополнително ги збогатила постоечките градини.

Замокот стана познат во нејзините раце по ноќниот живот и прославите што се одржувале овде. Покрај тоа, во 1560 година, за прв пат во Франција, на небото можеше да се види прослава во форма на огномет.

По смртта на Катерина, замокот го презел трета дама, сопругата на кралот Хенри III. Но, таа набрзо паднала во депресија по смртта на нејзиниот сопруг и замокот патува понатаму, назад во рацете на љубовницата. Ако веќе ви се врти во главата, почекајте, бидејќи тоа не е се.

Хенри IV го подарил замокот на својата љубовница Габриел д’Естрис, но бидејќи долговите и кавгите за наследство се наталожиле со генерации, содржината на замокот била распродадена. Конечно, во 18 век, го купил богатиот Клод Дупен и го дал на неговата сопруга да управува.

Луиз Дупен биле интелигентна личност, префинета и убава жена која во дворскиот салон ги собирала најголемите лица на просветителството – од Волтер до Русо. Таа дури успеала да го спаси замокот од уништување за време на Француската револуција кога гладните луѓе барале одмазда.

Во 19 век наследството припаднало на Маргерит Пелуз, која го реставрирала целосно. Кога го преуредила и организирала неколку свечени прослави, приходите биле мали и замокот повторно е продаден.

Денеска замокот е реставриран и е отворен за јавноста, а во него можете да го поминете цел ден и нема да ви биде досадно. Тешко е да се процени што е поубаво, замокот или градините и природата што го опкружува. Затоа, не е изненадување што и овде често се снимаат филмови, а ресторанот и салонот за настани секогаш се резервирани со недели однапред.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement