Сликата на Салватор Мунди ја прикажува фигурата на Исус, споредбено именувана како машката Мона Лиза, а во насловите се појавува од неколку причини…
Првата причина секако е фактот што ова е најскапата слика на светот, која достигна 450 милиони долари во 2017 година, додека најновите извештаи сега ја нарекуваат лажна! Кога ја откриле, експертите процениле дека се работи за одамна изгубено, но целосно автентично дело на Леонардо да Винчи. Сепак, како што се испостави, портретот на Исус бил овластен или надгледуван само од овој ренесансен мајстор. Според наводите, сликата е дело на некој од неговите претпоставени или студенти, а настанала со негова помош.
Уметничкото дело е речиси деградирано бидејќи „не е оригиналниот Да Винчи“ од страна музејот Nacional del Prado. Во музејскиот каталог, што содржи две листи, слики од Да Винчи и оние за кои тој придонел, Салватор Мунди спаѓа во втората категорија. Како што понатаму наведуваат, „Постоеле моменти кога на Леонардо му било тешко да слика поради неговиот перфекционизам, исто така и бројните други занимања, па неговите ученици многу од тие задачи ги работеле наместо него“.
Иконската слика го претставува Исус како спасител на светот и датира од почетокот на 16 век. Продадена е по цена од 450 милиони долари за време на аукцијата „Christie’s“ одржана во Њујорк, поради што ја доби титулата за најскапа уметност. Според наводите, купувач бил принцот Бадер бин Абдула бин Мохамед бин Фархан ал Сауд, но за жал, нема директен доказ за неговата сопственост.

