Еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос, присуствуваше на гала вечерата Baby2Baby во Холивуд минатиот викенд, со неговата партнерка Лорен Санчез…
Човекот чие богатство се проценува на 177 милијарди долари, на настанот се појави во смокинг, со гламурозната Лорен, која ги воодушеви присутните со црн извонреден фустан. Секако, двајцата донирале огромна сума на пари за време на овој настан, но очигледно, тајкунот на компанијата Амазон е решен во својата идеја да стане втората најомразена личност на светот.
Богатата двојка привлече внимание поради тоа што не донирала ништо за време на настанот, се додека некој од публиката не даде милион долари, по чекот Безос мрзливо дал половина помалку пари. Доколку не сте знаеле, Безос заработува 142.667 долари во минута, а тоа секако го знаеле и посетителите на гала вечерата.
Како што вели еден „инсајдер“ од оваа забава: „Сите чекаа Безос да донира нешто, но тој седеше молчејќи. Кога некој од публиката донираше милион долари, Безос даде половина милион, што предизвикало бучна реакција кај публиката. Ако некој кој не е вториот најбогат човек на светот може да донира милион, Безос сигурно може да даде многу повеќе“.
Дали Безос е толку богат токму затоа што му е тешко да се одвои од своите пари, тешко е да се процени, но факт е дека тој, заедно со другите најбогати луѓе во светот, треба да даде се од себе – што е веројатно само неколку милијарди – бидејќи светот во кој живееме би станал подобро место.
