Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Отворен највисокиот панорамски бесконечен базен во светот

Возбудата од надморска височина и задоволството од пливањето се среќаваат во „Aura Skypool“, највисокиот бесконечен базен во светот, кој се наоѓа на педесеттиот кат на Palm Tower, на островот Palm Jumeirah…

Базенот се наоѓа на 200 метри над земјата и ви нуди неверојатен поглед на градската панорама. Palm Tower стана уште попопуларна од 15 ноември кога се отвори овој базен, не само затоа што ве носи високо во небото, туку и поради една многу посебна причина – од тука можете да го видите најдоброто што го нуди Дубаи.

Платформата со базенот гледа на „Палмата Џумериа“, што ви дава можност да ги апсорбирате сите импресивни детали од птичја перспектива. Покрај тоа, има неверојатни погледи на градската панорама, а на повидок се и „Бурџ Ал Араб“ и „Бурџ Калифа“. Секој простор во кој можете да уживате во глетката е удобен, но ви предлагаме да го резервирате вашето место на време доколку планирате да го посетите овој локалитет.

Местото за седење на терасата може да биде ваше за 47 долари за стандардни лежалки во портокаловата зона или 55 долари во Зелената зона поблиску до базенот, додека достигнува и до 75 долари за ВИП опции. Сепак, мора да признаеме дека на целата тераса нема лошо место. Доколку сакате, можете да купите целодневна карта чија цена започнува од 100 долари, додека има и простор за бар кој може да ви понуди забава, во случај да ви здосади фантастичната глетка.

Главниот готвач, Крег Бест, ќе ви послужи вкусни деликатеси додека вие се релаксирате и уживате во музиката што ја свири познатиот диџеј Омар Кури, а од компанијата CAO Nakheel изјавија: „Ние сме многу возбудени што ќе додадеме уште една локација која соборува рекорди на нашата Palm Tower, една од најпрестижните згради на Palm Jumeirah. Како прв и највисок бесконечен базен со панорамски поглед, „Аура“ не само што ќе ви понуди исклучителни услуги, туку ќе биде уште една фокусна дестинација што ќе ве приближи до брилијантната архитектура на Palm Jumeirah и другите клучни знаменитости, кои беа клучни за развојот на Дубаи како туристичка дестинација“.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement