Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Ѓаволска кула: Национален споменик што планинарите го обожаваат

„Devils Tower“ или Ѓаволската кула е необична карпеста планина во американската држава Вајоминг. Висока е дури 1558 метри, со површина на едно фудбалското игралиште, но неговата атрактивност се паралелните линии што го красат, како некој да го исчешлал со вилушка.

Во 1906 година, американскиот претседател Теодор Рузвелт го прогласи за национален споменик, заедно со околината од 550 хектари. Тоа е и првиот прогласен национален споменик во САД.

Во природата што го опкружува, среќниците можат да забележат елени, прериски кучиња и орли, а карпата е рај за планинарите на кои им е предизвик да се искачат, додека другите само се восхитуваат од подножјето.

Ако забележавте недостаток на апостроф во името и мислевте дека сме го напишале погрешно или погрешно сме го превеле – не зависи од нас. Имено, кога се пишувало името на почетокот на 20 век, кое требало да биде „Devil’s Tower“, по грешка било напишано без апостроф и никогаш не било поправено.

Иако долго време се дебатирало за промена на името во согласност со имињата што му ги дале локалните автохтони жители (и за кои тоа е свето), поради страв да не ја изгуби препознатливоста кај туристите, од тоа се откажале. Така и денес оваа карпа има моќно и застрашувачко име. Но, вреди да се споменат интересни легенди за потеклото на оваа карпа, според верувањето на Индијанците. Едно од многуте е ова:

Девојките кои си играле во околните шуми се затекле во неволја – наишле на мечки кои почнале да ги бркаат. Од паника истрчале до најблиската карпа, на која се искачиле и почнале да му се молат на Големиот Дух да ги спаси. Ги слушнал нивните молитви и ја издигнал карпата кон небесата со цел да не можат мечките да стигнат до девојките. Кога стигнале до карпата, мечките се обиделе да се искачат, но не успеале – останала само трага од нивните шепи. Девојките се вивнале кон небото и се претвориле во извонредно соѕвездие што овде е именувано како Влашиќи.

Денес е омилено место на многу планинари и смели качувачи (алпинисти), па доколку се најдете во близина, задолжително направете тура или правец според вашите способности и кондиција.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement