Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Изненадување на неделата! Насмеани Ирина Шајк и Бредли Купер на блиска прошетка низ Њујорк

New York City, NY - Friendly exes Bradley Cooper and Irina Shayk pictured in New York. BACKGRID USA 17 JUNE 2021,Image: 616276724, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Ирина Шајк и Бредли Купер „рака под рака“ на прошетка поттикнаа гласини дека ја обновија врската.

Бредли Купер и Ирина Шајк предизвикаа гласини за помирување откако беа фотографирани на многу блиска прошетка низ Вест Вилиџ, Менхетен, во неделата.

Поранешните партнери, кои имаат четиригодишна ќерка Леа, одеа рака под рака, што е ниво на интимност што не сме го виделе од крајот на нивната романса.

Иако двојката стави точка на љубовната врска пред две години, актерот изгледаше многу задоволно и среќно во друштво на својата поранешна девојка.

Ирина носела строга бела кошула, пошироки црни панталони и тренди патики, а изгледот го заокружи со долг црн капут и кожна чанта Ботега со ланец, додека Купер беше во фармерки и црна качулка над која носеше класичен темносин капут.

За старателството над нивната ќерка, Шајк претходно изјави: „Никогаш не го разбрав концептот на заедничко родителство. Кога сум со ќерка ми, јас сум 100 отсто мајка, а кога таа е со нејзиниот татко, тој е 100 отсто нејзин татко. Заедничкото родителство е родителство“.

Во галеријата погледнете ги фотографиите од Њујорк на Ирина Шајк и Бредли Купер, кои ги тера сите да се запрашаат дали овој пар одлучил да ја обнови својата врска.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement