Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кралицата Летиција демонстрирала како на гламурозен начин да се носат панталони на еден оперски ансамбл

Стилската дама зрачеше со елеганција на музичка вечера придружувана од нејзиниот сопруг, кралот Фелипе VI.

49-годишната шпанска кралица заедно со својот сопруг присуствувала на премиерата на мјузиклот „Партенопа“ во Кралскиот театар. Летиција во оваа прилика се појави во црно од глава до пети – аутфит со кој постигна изглед на вечерен глам.

Топ без ракави, но, украсен со блескави детали, на брендот Hugo Boss, извонредно вклопен со Carolina Herrera панталони, длабок струк и рамен крој. Кралицата на стилот, позната е по љубовта кон рециклирањето, што овој пат го направи со „clutch“ Tod чанта, која ја поседува од 2007 година, како и со црните штикли на брендот Magrit, во кои првпат е видена во 2018 година.

Едноставната елеганција ја заокружи со дискретен додаток, пар бели висечки обетки Yanes и нејзиниот омилен прстен Karen Hallam.

Кафеави локни, стилизирани со ниско опавче, додека за шминкање избра природни тонови со нагласен ајлајнер, кои го ставија фокусот на нејзините зелени очи.

Кралот Фелипе беше подеднакво елегантен во црн костум, под кој носеше бела кошула, која ја украси со детал во форма на црвена вратоврска.

Парот изгледаше опуштено и расположено за музичката вечер што им претстои.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement