Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Монтбланк и оддава почит на Елизабет Тејлор

Монтбланк реши да и оддаде почит на една од најпопуларните ѕвезди на класичната холивудска кинематографија.

Актерката Елизабет Тејлор се стекна со слава во 40-тите, а до 60-тите години од минатиот век стана најплатената филмска ѕвезда. Својот талент и храброст како актерка пар екселанс ги докажа во филмовите „Клеопатра“ и „Мачката на врелиот лимен покрив“. Новото специјално издание „Montblanc Muses“ од Елизабет Тејлор во голема мера е инспирирано од естетиката на нејзиното време, како и од убавината и талентите на дивата.

Монтбланк се потпира на уникатна техника на лакирање што ги покрива капачето и цевката со темно виолетова боја со мермерен лак за да им оддаде почит на прекрасните очи на Елизабет Тејлор и омилената боја на ѕвездата. Елизабет Тејлор, исто така, била љубител на скапоцен накит – што се рефлектира во прстенот со необична форма. Нејзината љубов кон скапоцените камења и дијамантите се исто толку позната како и многу од нејзините животни љубови. Во нејзината спектакуларна колекција на накит, можеме да најдеме историски парчиња, меѓу кои и џиновски прстен со дијамант од 33,19 карати (порано познат како Круп дијамант), кој и го подарил Ричард Бартон.

Платината обложена со геометриско гравирање потсетува на типична шема на накит од 1950-тите, нешто што една гламурозна дива би го одобрила. Наливното перо Au 585 обложено со цврсто злато има гравура со три збора „ДА ЖИВЕЕ ЉУБОВТА“, во спомен на нејзиниот трогателен говор на доделувањето на GLAAD медиските награди во 2000 година, која заврши со овие зборови.

Специјалното издание „Montblanc Muses“ од Елизабет Тејлор е симбол на забавата, културата, модата и филантропијата.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement