Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џенифер Лопез во новата кампања на Coach

Музичкото видео од 2002 година доби свое продолжение!

За својата празнична рекламна кампања, „Coach“ им оддава почит на иконите кои остануваат актуелни засекогаш. Оваа година Џеј Ло неколку пати нè враќа во раните 2000-ти – со обновената врска со Бен Афлек, многубројните моменти од нивната љубовна приказна што повторно ја доживеаја, а сега со релансирањето на песната „All I Have“ од 2002 година.

Пејачката се вратила на своето старо видео по повод лансирањето на празничната кампања Coach, а брендот тематски го нарече овој краток филм „Jennifer Lopez in All I Have, 2021 Edition“.

Спотот во режија на Џејсон Берг вклучува кадри, директно „поземени“ од почетокот на спотот за „All I Have“, но продолжува и денес, кога Џенифер е целосно облечена во најновите парчиња на Coach и изгледа посреќна од кога било.

„Џенифер е толку посебна. Таа е решена и продолжува да оди по својот пат, правејќи ги работите на свој начин – таа навистина совршено го реконструира пристапот на брендот Coach“, изјави Стјуарт Веверс, креативниот директор на брендот.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement