Актерката никогаш не попуштила на влијанието на општеството и наметнатите норми, туку се водела од принципот на умереност и, како вистинска дама, остана доследна на себе.
Една од најпознатите француски актерки и вечна икона на убавината и стилот, Катрин Денев минатиот месец наполни 78 години, а по тој повод решивме да застанеме за еден момент и да се потсетиме зошто оваа позната дама толку гордо и заслужено носи бројни позитивни епитети.
На насловната страница на француското издание на Вог се најде дури 16 пати, таа е некогашното заштитно лице на парфемот Шанел бр. 5, смокинг од Ив Сен Лоран, култниот куфер на Луј Витон, но и претставник на цела Франција како земја (нејзиниот лик се користеше за Маријана, националниот амблем на слободата).
Пред се, таа е актерка која има снимено преку 100 филмови, а достигнувањето кое целосно ја лансираше во орбитата е музичкиот филм на Жак Деми од 1964 година, „Шербуршки чадори“, каде ја препознаваат прочуената фризура со плиш машна во нејзината коса.
Тогаш Катрин Денев и нејзината појава на руса бујна коса и необична француска убавица добија статус на икона.
Со текот на годините, таа создаде серија успешни портрети на мистериозни убавици во филмовите, во исто време поставувајќи трендови во светот на модата и убавината.
На почетокот на кариерата таа била позната по своето ладно однесување: поседувала доза на дистанцираност и резервираност.
Нејзиниот приватен живот отсекогаш бил интересен, но никогаш скандалозен, иако била во љубовна врска со некои од најголемите режисери и актери на своето време.
Таа е во центарот на вниманието повеќе од половина деценија, а за тоа време успеа да одржи беспрекорен имиџ, неизвалкан од наметнатите норми на убавина и стареење.
Катрин Денев е претставник на сите француски дами, елеганцијата и софистицираноста се нејзиното средно име, додека убавината која достоинствено ја краси е зачувана до ден денес.










