Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Greenpeace поднесе тужба против Фолксваген

Германскиот огранок на „Гринпис“ поднесе тужба до судот во Брауншвајг против Фолксваген, барајќи до 2030 година да прекине со производство на автомобили кои имаат мотори со внатрешно согорување.

Тие веруваат дека таквото производството на Фолксваген ја загрозува нивната посветеност за намалување на емисиите и борбата против климатските промени. Затоа треба да се присили на јасен план за намалување на емисиите на CO2.

Во тужбата се наведува дека бизнис моделот на гигантот од Волфсбург е во спротивност со климатската цел, според која глобалното затоплување треба да се ограничи на 1,5 степени.

Од компанијата Фолксваген се уште не се манифестирале одговор. Нивната цел е да достигне нула емисии на сите големи пазари до 2040 година, додека климатската неутралност треба да достигне 2050 година.

Слична тужба, исто така била поднесена оваа година од страна на германската Deutsche Umwelthilfe (DUH), која ги тужеше БМВ и Мерцедес-Бенз поради емисиите на штетни гасови, велејќи дека тие не прават доволно за намалување на емисиите.

Прочитај

Wall Street

Samsung одлучи да ја затвори својата услуга Samsung Max, апликација за приватност и заштеда на податоци што ја користат повеќе од 50 милиони луѓе...

Green Tea

Брановите во косата се еден од најпопуларните избори со години, а со вирален трик на TikTok, ќе имате совршена фризура за пет минути. Постапката...

Cotton Club

Силуетата изгледа издолжена и хармонична, а половината е визуелно нагласена, а да не зборуваме за удобноста. Доколку барате панталони кои визуелно го стеснуваат вашиот...

Green Tea

Што треба да јадете, а што генерално да избегнувате? Промените во животниот стил, вклучувајќи ја исхраната и губењето на тежината, се главните начини за...

Advertisement