Актерка која со сигурност испишала дел од холивудската историја е Деми Џин Гејнс, позната како Деми Мур, која кариерата ја изградила пред се како фотомодел, успеала да го најде патот до филмското платно.
За време на бракот со музичарот Фреди Мур, таа добила шанса да игра во сапуницата „Општа болница“, која во тоа време била најгледаната серија во дневниот термин. Таа ја играше младата новинарка Џеки Темплтон и улогата и донесе голем успех. Веќе на 20 години ја доби првата вистинска улога во филмот „Рио е виновен за сè“, а набргу потоа и во „Огнот на Св. Елмо“.
На тој начин актерката во 80-тите влезе во пошироката јавна свест, а во следната деценија веќе се етаблирала како една од најпознатите холивудски ѕвезди.
За популарноста на една од најзгодните и најхаризматичните американски актерки придонесоа и браковите со големите филмски ѕвезди – Брус Вилис, со кој има три ќерки, како и со Ештон Качер.
Легендарната Деми денеска го слави својот 59-ти роденден, а по тој повод во нашата галерија се потсетуваме на некои од најистакнатите моменти во нејзиниот живот.















