Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Чувари на пропаднатата империја: Бетонските зданија од Хитлеровата имагинација денес се „преквалификувани“ за нешто друго

Кога „nazi party“ проектот станува само „party“ проект…

Кога Британците го бомбардирале Берлин за време на Втората светска војна во октомври 1940 година, Хитлер сфати дека ќе мора да ја подигне својата одбрана од воздушни напади на повисоко ниво. Така е родена идејата за изградба на т.н флак кули.

Масивните бетонски кули, т.е. флак кули, ја заштитија Германија од воздушните напади на сојузниците во Втората светска војна. Тие биле високи меѓу 45 и 70 метри, а нивните ѕидови имале дебелина нешто повеќе од три метри. Тие можеле да згрижат околу 15.000 луѓе во случај на воздушен напад и во себе имале опремени болници.

Изградени се осум „главни“ кули – три во Берлин, две во Хамбург и три во Виена, а поскромни верзии можеа да се најдат во Франкфурт и Штутгарт. Колку тој лично бил заинтересиран за нивната изградба сведочи и фактот што самиот Хитлер се обидел да направи нацрти за некои од нив.

Кога „nazi party“ проектот станува само „party“ проект…

Иако половина од нив беа урнати по војната, и денес овие застрашувачки бруталистички згради можат да се најдат на териториите кои некогаш биле освоени од нацистичка Германија. Некои се користат како ноќни клубови или места за хортикултурно експериментирање.

На пример, во Берлин ќе најдете дел од поранешниот Flakturm III. Флактурм IV во Хамбург до неодамна беше ноќен клуб, а денес се работи на тоа да стане луксузен хотел. А можеби најатрактивен е виенскиот Flakturm V, во кој се наоѓа јавниот аквариум Haus des Meeres (Куќа на морето) од 1957 година.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement