Делницата од 200 метри е премината само за неколку секунди!
Компанијата Alauda Aeronautics ја организираше првата „возбудлива трка“ на летечки Mk3 автомобили во австралиската пустина.
Двата прототипа се движеле со брзина од 150 km/h, додека делот долг 200 метри бил преминат за неколку секунди.
Натпреварот кај Аделаида го покажа потенцијалот на нововоспоставениот ЕКСА (EXA) шампионат кој започнува следната година.
Далечински управувачи
На официјалното натпреварување автомобилите ќе имаат возачи (верзии на Мк4), додека сега гледаме беспилотни модели без екипаж.
На видео снимката може да се забележат инженери и различен персонал покрај патеката, како и далечински управувачи, додека голем облак од прашина се издига покрај уникатните eVTOL.
Летечките автомобили се направени од јаглеродни влакна и тежат околу 100 килограми.
