Парот не ги криеше среќните емоции.
Во викендот што остана зад нас, моментално најпознатата светска двојка односно Џенифер Лопез и Бен Афлек се најдоа на аеродром во Лос Анџелес и по тој повод на среќниот фотограф му подготвија љубовна сцена достојна за некој романтичен филм.
Имено, Џенифер патувала со приватен авион, додека Бен бил со неа до последен момент пред полетувањето.
„Бенифер“ во оваа прилика остави впечаток на многу среќен пар кој не можеше да се одвои еден од друг.
Џенифер и Бен споделија безброј бакнежи, а меѓу тие моменти непрекинато се прегрнувале и изразувале љубовна радост.
За овој аеродромски изглед Џеј Ло одбрала да носи бунда со фармерки, UGG чизми и црна кожна чанта, додека Бен исто така беше во малку полежерен аутфит со морнарски поло џемпер и лежерна сива јакна.
Во галеријата погледнете ги сите фотографии од најновото појавување на оваа планетарно популарна двојка.






