Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Рецепт на денот: Кремаста супа од костени

Не постои подобар начин за зајакнување на телото од топлата супа, уште ако е направена од костен – извонредно вкусна. Пробајте го нашиот рецепт, сигурно ќе ви се допадне!

Состојки:

500 гр варени и исчистени костени
масло
глава кромид
2 компири (исечени на четвртинки)
250 мл павлака за готвење
1,5 л супа од зеленчук (две коцки)
листови од магдонос, ситно сецкани
сол, бибер, мајчина душица (по вкус)

Подготовка:

На загреано масло пропржете го ситно сечканиот кромид додека не стане стаклен и мек. Додадете ги излупените костени и компири, кои можете да ги исечете на коцки за побрзо да се сварат, па прелијте ја супата и варете околу 15 минути.

Потоа со миксер ги мешате состојките за да се добие мазна структура. Додадете павлака за готвење и зачинете по вкус, па вратете ја на оган да зоврие. Украсете со листови од магдонос и послужете со тост леб или крутони. По желба можете да додадете и неколку костени во вашите чинии, за атмосферата да биде комплетна.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement